сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Змија со три очи ја шокираше Австралија: Научниците велат дека сето тоа е нормално (ВИДЕО)

Змија со три очи ја шокираше Австралија: Научниците велат дека сето тоа е нормално (ВИДЕО)

Змија со три очи е пронајдена на автопат во северна Австраклија, а доби надимак „Монти Пајтон“ поради својот необичен изглед.

Се работи за бебе питон, кој за жал угина само неколку недели откако беше пронајден во март.

Експертите велат дека третото око, на врвот на главата се работи за мутација.

Рептилот долг 40 сантиметри тешко се хранел поради својот деформитет.

„Досега немаме видено ваква мутација, но во нашата лабараторија имаме двоглав питон. И тоа е мустација само поинаков топ, нешто слично на она што го гледаме кај сијамски близнаци“ изјавил тамошен професор.