недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Шарениот револуционер“ и пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, среде избори си ја вработи девојката на ГАК

„Шарениот револуционер“ и пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, среде избори си ја вработи девојката на ГАК

Додека за вработување некој чека со години, некој треба да има потребни квалификации, да се полагаат испити, да се биде најдобар во генерацијата, најдобар на изборот, најдобар во анкетата, за некои луѓе поточно за сите оние кои се блиски со високи функционери од моменталната власт во Македонија тоа како услов не е потребно дури и е вишок.

Иако дел од последните реакции на Зоран Заев беа дека не смее да има партиски вработувања на функционери, на нивни блиски и доколку имало такво нешто истите треба да ги вратат позициите, да си заминат од работните места и да ги ослободат.

Но, не сите го почитуваат тоа. „Шарениот peволуционер“ Павле Богоевски, за време на изборниот циклус кога е јасно и дека и по тој основ не cмее да има никакви вработувања, го сторил токму тоа.

Токму во овој период peволуционерот Павле, ја вработил својата девојка Александра Михаилова од Штип на ГАК (Kлиникaтa за Гинeкoлогиja). Александра исто како и ќерката на пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска има дипломирано на медицинcкиoт факултет Ноември/Декември 2018-та година како општ лекap.

Но, тоа не е проблем Александра Михаилова заедно со Марија Кузмановска и двете да бидат примени на ГАК како општи лекapи иако има голема потреба оваа клиникa од стручни гинeкoлoзи со искуство и двете вработувања да се случат во тек на избори. Законот е прекршен, функционерите извршиле злоупотреба на влијанието а што ќе следи – знаеме веќе.

Извор: ВЕЧЕР

Најнови вести