среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер со „Априлија“ превезувал 14- годишно лице, па удрил во малолетен пешак

Во близина на влезот за с.Тркање, кочанско, вчера во 21.45 часот, мопед „Априлија РС 50“ со кочански регистарски ознаки, управуван од Т.Т.(19) од с.Тркање, на кој превезувал и 14-годишно лице, удрил во 16-годишен пешак од с.Тркање.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кочани.