Пејачката Чепа Брена заедно со својот сопруг Боба Живојиновиќ овие денови се на одмор во Мадрид.
Пејачката на својот Инстаграм профил се пофали дека е на ручек со поранешната сопруга на нејзиниот сопруг и предизвика лавина коментари.
Имено Брена и Боба биле на вечера заедно со поранешната сопруга на Боба, Зорица како и нејзиниот сегашен сопруг.
-Ние семејно, напиша Брена на својот Инстаграм профил.
Фановите ја пофалија Брена дека не ја симнува насмевката од лице што е позитивен гест за неа додека седи до поранешната сопруга на нејзиниот сегашен сопруг.