среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мерко со “ладен туш“ до СДСМ: Партијата на Заев има поддршка од само 4000 граѓани на Струга

Мерко со “ладен туш“ до СДСМ: Партијата на Заев има поддршка од само 4000 граѓани на Струга

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, објави статистика за гласовите од овој град, споредбено со локалните и вториот круг од претседателските избори.

Тој на локалните доби 8.000 гласови од своето гласачко тело, односно од поддршката на локалното албанско население.

Ако овие резултати се споредат со бројот на гласови кои ги доби Стево пендаровски, ќе се добие бројка од нешто над 12.000.

Обичната споредба дава интересен резултат, а тоа е дека СДСМ и Пендаровски имаат поддршка од само 4.000 граѓани во општина Струга.

Силјановска Давкова во Струга доби 5.808 гласа, а гласовите на Албанците плус оние на СДСМ беа 12.112. Само третина од добиените гласови на победникот беа на СДСМ, останатите се гласови на ДУИ.

Најнови вести