среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тухел спречил тепачка меѓу Дракслер и Нејмар во соблекувалната

Тухел спречил тепачка меѓу Дракслер и Нејмар во соблекувалната

ПСЖ ја освои Лига 1 доста пред крајот на сезоната, но отпадна од Лигата на Шампионите и го загуби финалето на Купот на Франција по изведување на пенали.

Титулата во Франција сепак, не е доволна за да има хармонија во соблекувалната. За сериозна расправија меѓу Нејмар и Џулијан Дракслер, соопштува „Паризиен“ во денешното издание.

Пред неколку дена двајцата влегле во вербален спор, откако германскиот репрезентативец направил забелешка на Нејмар дека игра премногу индивидуално и не ја подава топката на своите соиграчи.

Како одговор, Бразилецот рекол: „Кој си ти да ми зборуваш на ваков начин? Знаеш само да ја враќаш топката назад“.

Веднаш потоа,тренерот на ПСЖ, Томас Тухел и неколку играчи на тимот, спречиле физичка пресметка меѓу двајцата.