Канадската полиција соопшти дека пронашла останки од најмалку шест лица во темелите на куќа во северниот дел на Торонто, која припаѓа на 66-годишен маж, кој работел како градинар.
Брус Мекартур беше уапсен минатиот месец и обвинет за убиство на петмина мажи, кои исчезнале пред неколку години во кварт во Торонто, кој со децении и центар на градската хомосексуална заедница.
Канадските медиуми ја критикуваат полицијата бидејќи во времето кога исчезнувале мажите, таа не соопштувала дека нападите се насочени против хомосексуалната заедница.
Инаку, досега е идентификувано само едно лице, додека постапката за идентификација се уште е во тек за останатите пет лица.
Потрагата по докази е отежната поради смрзнувањето на тлото, соопшти полицијата.