Една од најдобрите текстописци на Балканот во моменов проживува драма борејќи се за живот на одделението за онкологија во Белград. Покрај неа, како што се дознава, цело време е сопругот Александар Радуловиќ Фута и синот Милан, но и долгогодишната соработничка Светлана Ражнатовиќ Цеца.
Токму таа ја убедила Марина да оди на преглед, бидејќи на Марина и се слошило во неделата, но мислела дека тоа е поради проблемот со дијабетесот, кој го има со години.
Неколку дена пред тоа се чувствувала изнемоштено, но сето тоа го припишувала на вирус. Сепак кога и се слошило и кога се онесвестила, Цеца инсистирала да одат на лекар, па се упатиле на онкологија, каде била хоспитализирана.
-Ве молам, на Марина сега и се потребни мир и поддршка од сите нас кои ја сакаме за да ја добие оваа битка. На нас е да бидеме со неа – било се што рекла Цеца.
Марина лежи на Инситутот за онкологија и радиологија на Србија, каде лавовски се бори со опасната болест. Како што се дознава направени и се детални прегледи и биопсија, а резултатите ќе бидат готови за неколу дена.