четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес се дел од  акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.

Само досега има преку 20 дарители, а акцијата ќе трае се до 15 часот и се одвива во Големата сала на општината. Меѓу дарителите има и такви  кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.

Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.