НАТО ќе усвои нова воена стратегија поради „нуклеарните закани” што доаѓаат од Русија, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг”.
„Оваа недела нашите воени експерти донесоа одлука да спроведат нова воена стратегија за Алијансата”, нагалсува тој.
Според него, причината за таквиот потег е „нуклеарната закана” што наводно доаѓа од Русија.
„Покрај тоа, Алијансата се соочи и со нови закани на исток и на југ“, рече Столтенберг.
„Треба да продолжиме да бидеме целосно подготвени за одбрана и да обезбедиме стабилност, што делумно бара нови воени концепции”, додаде Столтенберг.