Пожар беснее во Кисела Вода. Густ чад се издига од една од зградите близу Основното Училиште „Кирил Пејчиновиќ“.
Во моментов екипа на КУРИР е на терен, а според информации на нашиот новинар пожарот кој беснее се гаси со неколку противпожарни возила.
Инаку претходно КУРИР објави вест дека пожарникар се здобил со повреди гаснејќи го пожарот и веднаш е пренесен во болница.