понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Семејна драма во Велес: Дедо со нож го прободел внукот

Семејна драма во Велес: Дедо со нож го прободел внукот

Вчера околу 15 часот и 20 минути во СВР Велес било пријавено дека на улица „8-ма Велешка Бригада“,било рането едно лице.

Имено во дворот од неговата куќа, 75- годишниот А.Р со нож му нанел повреда на неговиот внук, 28- годишниот А.В од Велес.

А.Р бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.