Принцот Хари и Меган Маркл поставија прекрасна фотографија на Инстаграм во чест на Денот на татковците.
На црно-белата фотографија се гледа едномесечниот Арчи како го држи принцот Хари за прст.
Инаку кралското семејство објави дека Арчи Харисон Мунтбатен-Виндзор ќе има крштевка следниот месец во капелата во која неговите родители се венчаа.
Арчи ќе носи винтиж облека во која бил крстен и неговиот татко во 1984 година.