понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Поранешен селектор на Македонија повреден во сообраќајка на пат кон Гостивар

Поранешен селектор на Македонија повреден во сообраќајка на пат кон Гостивар

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски се наоѓа во болница во Тетово откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

„На 16.06.2019 година во 04.00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајна незгода имал уште еден тренер – Александар Јончевски. Јончевски бил удрен од товарно моторно возило додека возел мотоцикл заедно со својата сопруга. Сопругата е на операција, но вон животна опасност.

Извор: Sportmedia