Пливачите на клубот БЕТА кои викендот учествуваа на меѓународниот пливачки натпревар „Стар“ во Крањ, Словенија успеаја да се вратат со 10 медали. Со одличја се закитија:
– Миа Блажевска Еминова заврши на првото место во дисциплините 50 метри слободно, 200 метри слободно. На 50 метри делфин и 50 метри грбно постави и нов национален рекорд со време 33,44 секунди и второ место во дисциплината 200 метри мешано;
– Милковска Јана прво место во дисциплината 800 метри слободно, второ место во дисциплината 200 метри слободно и трето место во дисциплината 400 метри слободно;
– Цветкоски Стефан прво место во дисциплините 50 метри делфин и 100 метри делфин и второ место во дисциплината 200 метри мешано;
– Матеја Дамчевски второ место во дисциплините 100 метри грбно и 200 метри грбно.