петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Според НБРМ, Меѓународната Инвестициска Позиција на земјата се влошила за 176 милини евра во првиот квартал на 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Според НБРМ, Меѓународната Инвестициска Позиција на земјата се влошила за 176 милини евра во првиот квартал на 2019

Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на Фејсбук каде се вели дека се влошува меѓународната инвестициска позиција на Македонија.

-#СеВлошуваМеѓународнатаИнвестицискаПозицијанаМакедонија
Според најновите официјални податоци на НБРМ, Меѓународната Инвестициска Позиција на земјата се влошила за 176 милини евра во првиот квартал на 2019 година во однос на истиот период претходната година. Ова во најголема мера се должи на растот на нето-обврските кај директните инвестиции (за 166 милиони евра) што де факто ги демантира сите владини пропагандистички фалење за наводните добри резултати во привлекување на СДИ.
Дополнително, расте надворешниот долг на земјата и истиот е зголемен за 99 милиони евра во однос на крајот на минатата година. Ова практично е јасен показател дека македонската економија ја влошува својата надворешна конкурентност и воедно потврда за катастрофалните економски политики на оваа Влада, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Во прилог е официјалниот извештај на НБРМ
http://nbrm.mk/content/Sooptenie_dolg_i_MIP_Q1_2019.pdf

Најнови вести