петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Паника: Триметарски питон способен да изеде човек шета по универзитетот Кембриџ

Паника: Триметарски питон способен да изеде човек шета по универзитетот Кембриџ

Мрежест питон, долг околу 2,7 метри, кој може да изеде човек, му побегнал на својот сопственик во Кембриџ и сега слободно скита по универзитетот.

Полицијата добила известување дека е забележана змија во близина на Ловел роуд и почнала потрагата, меѓутоа питон оттогаш не е виден.

Полицијата го пронашла сопственикот, кој потврдил дека неговата змија, по име Турин, избегала.

Иако мрежестиот питон не е отровен и ретко ги напаѓа луѓето, возрасната единка може да ја отвори својата вилица доволно широко за да проголта човек.

Овој вид питон знае да порасне и до 9,6 метри и се смета за најдолгата змија во светот.

Лондонската полиција упати апел секој што ќе го види рептилот, кој не е отровен, но може да го обвие и да го задуши својот плен, да се јави кај нив.