Новинарот Бранко Героски реагираше откако премиерот Зоран Заев во интервју за грчката телевизија Алфа изјави дека Македонија со години си присвојувала туѓа историја.
-Е јеби га, друже Заев. Читав дека пред некој ден во кабинетот сте правеле стандарди и некаков ред. Што е паметно. Ама во тој ред спаѓа и обврската сериозно да си го средиш вордингот. Најди со посмен и пристоен спич-врајтер, човек што може да ти помогне. Да не бидам погрешно разбран, јас не сум заинтересиран. Ама има паметни помлади дечки што можат да ти помогнат. Оти вака на го личи, пишува Героски на Фејсбук.
-Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО, потенцира Заев.
Оваа изјава на премиерот, предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.