Пејачката Дара Бубамара после настапот во Црна Гора веднаш отпатувала во Косово затоа што таму ќе има настап, на една приватна забава.
Станува збор за прослава која ја организираат Горанци, а наводно за тој настап ќе ѝ бидат исплатени 6.000 евра. Таа ќе пее на место каде најмногу има албански жители.
Таа минатата година пеела на еден помал стадион пред некаде околу илјада Горанци, направила добра атмосфера и ветила дека повторно ќе настапува во Косово.
-Треба да пеам на некоја веселба во Призрен. Верувајте ми, никогаш не прашувам која националност е тој што ме ангажира. Моја работа е да ги развеселам гостите и не гледам која националност се. Сите кои ги сакаат моите песни се моја публика – рекла Дара.