Сопругата на убиениот Оливер Ивановиќ, Милена, изјавила дека ни еден месец по убиството не добила никаква официјална информација за тоа до каде е истрагата.
-Се што досега имам слушнато е од медиумите. Никакво официјално известување немам добиено. Оливер никој и ништо не може да ми го врати, но важно е да се дознае кои се извршителите на делото и неговите нарачателит, вели Милена за „Вечерни новости“.
Таа додала и дека семејството се подготвува за преселба во Белград.
-Митровица ми го зема она што најмногу го сакав и затоа сакам да си одам оттука и да бидам блиску до него, да го посетуваме, вели Милена.
Оливер Ивановиќ беше убиен на 16 јануари пред просториите на неговата партија во Косовска Митровица.