Голманот на струмички РК ,,Астраион’’ Васил Гогов од следната сезона се сели кај Европкиот првак ,,Вардар’’. Тој потпиша тригодишен договор со црвено црните и веќе се приклучи на првиот состав на Вардар каде шпанецот Писионеро бил позитивно изненаден од перформансите и квалитетот што го презентирал струмичкото момче, пишува Drnka.MK.
Гогов кој е планиран за тимот на Вардар Јуниор во моментов работи со тимот што ја покори ракометна Европа, поради ангажираноста на Марко Кизиќ со настапот на Светското првенство, па црвено црните одлучија да биде дел од тренинзите на првиот тим на Вардар. Гогов има 19 години и во дресот на Астраион беше енигма за голем број екипи. Благодарение на неговите одбрани струмичани станаа хит во последното првенство.
Целата вест со изјава на новиот голман, прочитајте ја на ДРНКА