Австриската Бундес лига оваа сезона ќе може да се пофали со тоа што во своите редови ја има најверојатно најсексапилната претседателка на било кој фудбалски клуб во Европа.
Станува збор за Дијана Лангес Сваровски чиј клуб ВСГ Сваровски Тирол сезонава го освои првото место во втората лига и на тој начин обезбеди учество во првото коло.
Во првото коло ја совладаа Австрија на свој терен со резултат од 3:1, а тоа создаде задоволство кај сите бидејќи поразениот клуб зад себе има 24 титули.
Радоста не ја криеше ниту сопственичката на клубот која многумина прашуваат како ли стигнала да биде претседател на истиот?
За неупатените, нејзиниот дедо е основач на компанијата Сваровски кој се бави со производство на накит, а таа своевремено работела како топ модел по што во 2013 година се одлучила да влезе во светот на фудбалот.
По ова светот беше во неверување како ли жена ќе успее да стои на чело на машки тим, но таа храбро го докажа спротивното.