Греалка е причина за пожарот кој вчера околу пладне избувна во станбена зграда во Гевгелија.
Од МВР информираат дека по извршениот увид, утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.
Пожарот бил пријавен во 12 часот, на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето.
Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино.