четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведени петмина полициски службеници осомничени за земање мито

Приведени петмина полициски службеници осомничени за земање мито

Петмина полициски службеници од граничниот премин Богородица се приведени за земање мито. Кај нив се најдени 822 евра и алкохолни пијалоци.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител“, соопштија од МВР.