петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бебето кое го преживеа масакрот во Загреб сместено е во Дом за незгрижени деца – откриено каква е неговата состојба

Бебето кое го преживеа масакрот во Загреб сместено е во Дом за незгрижени деца – откриено каква е неговата состојба

Во четвртокот вечерта, во Загреб, нешто пред 21:30 часот се случи убиство во кое убиено беше цело семејство. Масакрот го преживеа само 2-месечно бебе кое не беше повредено.

Детето сега е во Дом за незгрижени деца, а Свјетлана Тончетиќ Боговиќ која во времето кога бебето било примено била на функција заменик директор, потврдила за Индекс.хр дека бебето е добро, дека спие и дека јаде.

Полицијата после злосторството на конференција за новинари открила детали за убиецот, но и за жртвите. Убиецот е роден во Вуковар во 1983 година. Има 36 години и се вика Игор Наѓ. Со една од жртвите, Маја Тојагиќ, имал бебе кое единствено го преживеало овој масакр.

Маја Тојагиќ и убиецот биле верени, а Игор Наѓ ја убил и нејзината сестра Јосипа и 10-годишниот син на Маја, како и нејзините родители Драгомир И Фиљка. Убиен е и Давор Паушак со кој Јосипа била во врска.

„Бебето е кај нас, до добра состојба, спие, јаде, се е засега во ред. Сместено е кај нас и е во добра здравствена состојба, што е најважно во овој момент“, изјавила за Индекс.хр Боговиќ.