четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Траги на насилство на телото на пронајдената мртва жена

Траги на насилство на телото на пронајдената мртва жена

Траги на насилство биле забележани на женскиот труп кој вчера беше пронајден во скопско, јавува МКД.мк.

Порталот пишува дека жената (девојката) најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кесата, па фрлена покрај патот.

-Како што дознаваме од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари, пишува МКД.мк.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Од МВР информираа дека случајот во полиција го пријавил вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.