Еден од најплатените холивудски актери Двејн Џонсон потврди дека викендов се оженил со својата долгогодишна девојка Лорин Хашијан. Популарниот „Карпата“ ги изненади своите фанови на Инстаграм со серија фотографии од венчавката, која вчера се одржала на Хаваи.
„Го направивме тоа. 18 август 2019, Хаваи“, напиша Џонсон на Инстаграм.
View this post on Instagram
We do. August 18th, 2019. Hawaii. Pōmaikaʻi (blessed) @laurenhashianofficial❤️ @hhgarcia41?
Џонсон и 13 години помладата Хашијан ја почнаа врската во 2007, набргу откако тој се разведе од продуцентката Дани Гарсија и во меѓувреме добија две ќерки, тригодишната Џасмин и 15-месечната Тајана.
Тие првично планираа да се венчаат во пролет 2018, но одложија откако Хашијан забремени по вторпат.
Џонсон има ќерка и од првиот брак.
„Не ни се брзаше да се венчаме. Јас и онака цело време ја сметав Лорин за моја сопруга“, кажа Џонсон тогаш.