Министерството за внатрешни работи денес информира дека вчера околу 21:50 часот добиле пријава дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ се наоѓале две деца кои биле заклучени.
-Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.
Набрзо потоа биле пронајдени и родителите на децата Т.Т.(44) и М.Н.(35), а од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и се работи на негово целосно расчистување.
Неофицијално се работи за братче и сестричка, двете на возраст помали од 10 години, кои биле пронајдени во лоша здравствена состојба. Во автомобилот, неофицијално, биле оставени од еден од родителите.