среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец превезувал мигранти од Ирак и Пакистан

Скопјанец превезувал мигранти од Ирак и Пакистан

Осум мигранти, двајца од Ирак и шест од Пакистан, се пронајдени во патничко возило со скопски регистарски ознаки на автопатот Куманово – Табановце, кај клучката за село Костурник.

Како што соопшти полицијата, случајот вчера во СВР Куманово го пријавила мобилна екипа на Царинската управа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.