Полициски службеници минатата ноќ ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија.
Лицата, информира МВР, биле приведени во атар на селото Николиќ поради тоа што се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија со Р.Грција.
Лицата биле предадени во Полициската станица Дојран за понатамошна постапка.