понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Медицински персонал и полицајци нападнати од поголема група луѓе во Градска болница

Медицински персонал и полицајци нападнати од поголема група луѓе во Градска болница

Поголема група лица вчера нападнале вработени во Старата Градска болница во Скопје, а кога дошла полицијата да интервенира, инцидентот станал поголем зошто групата се нафрлила и на нив.

Во болницата, како што пренесува А1.он, бил донесен пациент со расекотина на раката, а групата сакала да го заштити и почнала да ги напаѓа вработените. Бил нападнат и персоналот и обезбедувањето, а кога била викната полиција, тие ги нападнале и нив.

– Инцидентот се случи околу 2-3 часот, а болницата беше затворена, за да не дојде до поголем инцидент, велат од болницата за А1.он.

Вакви инциденти се чести, а еден вработен во обезбедување е немоќен да се справи со група насилници.

Од МВР информира дека наскоро ќе излезе со информации.