недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двегодишно девојче ја усмрти нејзината мајка на нејзиниот 21 роденден (ФОТО)

Двегодишно девојче ја усмрти нејзината мајка на нејзиниот 21 роденден (ФОТО)

Млада мајка од Белорусија, почина на нејзиниот 21 роденден откако се затворил прозорецот од семејниот автомобил и и го стегнал вратот.

Јулија Шарко, се обидувала да ја извади двегодишната ќерка од автомобилот „БМВ“ низ полуотворен прозорец на совозачката страна.

Во тој момент детето го притиснало копчето за автоматско затворање на прозорецот, при што вратот на младата мајка бил стегнат, а таа подолго време останала без воздух.

Таткото ги нашол ќерката и мајката која била без свест, го скршил прозорецот и ја извлекол жената. Таа била пренесена во болница, но по осум дена починала поради задушувањето, што довело до изумирање на мозокот.

Таа загинала на нејзиниот роденден откако претходно славела со своите пријателки.

Брачната двојка имале две ќерки, Маргарита и Аријана.