Авторите на филмот „The shape of water“, кој е конкурент за овогодинешниот Оскар за најдобар филм, се соочуваат со сериозни обвиненија за плагирање.
Во обвинението стои дека фантастичниот заплет и романтичната врска меѓу чистачката и таинственото суштество, се всушност земени од американската претстава „Let me hear your whisper“.
Тужбата, поднесена во сојузниот суд во Лос Анџелес, гласи дека режисерот Гилермо дел Торо, продуцентот Даниел Краус и филмското студио „Fox Serchlight“, дрско ја препишале приказната, елементите, ликовите и темата од претставата на покојниот Паул Зиндел од 1969 година“.
„Shape of water“ е номиниран во најмногу, дури 13 категории за Оскар, вклучувајќи ги и номинациите за најдобар филм и најдобар режисер.
Обвинението, кое го поднел синот на Зиндел, набројува повеќе од 60 сличности меѓу претставата „Let me hear your whisper“ и филмот „The shape of water“.
Меѓу нив е и фабула на претставата и филмот за осамената чистачка која работи во научна лабораторија во текот на Ладната војна, која влегува во љубовна врска со заробено водено суштество и подготвува план како да го ослободи.
Во приказната на Зиндел суштеството е делфин. Во филмот тоа е половина човек, половина речно суштество.
Во обвинението се вели дека „и покрај лесно воочливите сличности меѓу претставата и очигледно од неа направениот филм, обвинетите не се ниту обидоа да побараат или да добијат вообичаена дозвола“ за правата на претставата на Зиндел, ниту пак го навеле него како автор.
Студиото „Fox Serchlight“ ги негираше овие обвиненија, карактеризирајќи ги како „потполно безвредни и неточни“.
„The shape of water“ веќе доби Златен глобус за најдобар филм и бројни награди за глума и бројни други награди од филмски критичари во САД и други земји.