петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во битолско

Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во битолско

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во близина на црква во битолското село Трново.

Случајот бил пријавен вчера во СВР Битола, а истата е најдена при изведување на градежни работи

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.