понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран: Нападите врз терористите во предградијата на Дамаск ќе продолжат

Иран: Нападите врз терористите во предградијата на Дамаск ќе продолжат

Иран предупреди денеска дека нападите врз предградијата на Дамакс, кои се контролирана од страна на „терористи“, ќе продолжат, но на другите места Иран и Сирија ќе ја почитуваат резолуцијата за 30-дневно примирје, што синоќа беше усвоена од Советот за безбедност на ОН, со цел да се достави храна и да се евакуираат повредените и болните лица на територијата на Сирија.

– Ние ќе ја почитуваме резолуцијата за прекин на огнот, Сирија исто така ќе ја почитува. Примирјето не се однесува за делови од предградијата на Дамаск кои се под контрола на терористите и операциите таму ќе продолжат, изјави камандантот Мохамед Бакери.

Како што јавија иранските медиуми, Бакери навел дека „согласно текстот на резолуцијата на ОН, дел од предградијата на Дамакс, кои се под контрола на терористите од фронтот Ал Нусра и други терористички групи, не подлежат на примирјето“.