Непознати сторители украле дел од посмртните останки на Махатма Ганди од меморијалниот центар Бапу Баван, соопшти индијската полиција.
Пепелта, која е украдена на 150 годишнината од неговото раѓање, е чувана во меморијалниот центар од 1948 година.
Крадците со зелена боја напишале „предавник“ преку фотографијата на Ганди.
Полицијата потврдила дека ја истражува кражбата како „штета за националната интеграција“ и опасност за потенцијално нарушување на мирот.
Чуварот во меморијалниот центар Бапу Баван, истакнал дека кражбата е срамна.
-Ја отворив портата рано наутро бидејќи тој ден се одбележуваше роденденот на Ганди. Кога се вратив околу 23 часот видов дека недостасуваат неговите посмртни оставки, а фотографијата е целосно уништена, изјавил чуварот Тивари.