понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хаос во антифашистички клуб во Грција: 5 лица повредени

Хаос во антифашистички клуб во Грција: 5 лица повредени

Пет лица беа повредени, од кои тројца посериозно, откако синоќа група мажи, за кои постои сомнеж дека се припадници на екстремната десница, упаднаа во антифашистички клуб во грчкиот град Пиреја.

Напаѓачите носеле метални шипки и запалиле димни бомби кога упаднале во просториите на ценатрот, некаде по 19 часот по локално време. Тие ги нападнале луѓето кои биле во просторијата, кршеле прозорци и уништувале мебел.

Според очевидци, напаѓачите извикувале „крв, чест, Златна зора“, слоган кој го користи есктремно десничарската партија Златна зора, против чии членови во тек се судски процеси поради напад на мигранти и противници, од кои некои и смртоносни.

Меѓу петмината повредени е и адвокат, кој го претставува семејството на Павлос Фисас, музичар кој во септември 2013 година беше убиен од член на Златна зора.