сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Идната година во Хрватска ќе се организира самит ЕУ-Западен Балкан

Идната година во Хрватска ќе се организира самит ЕУ-Западен Балкан

Хрватскиот амбасадор во Србија, Гордан Бакота, синоќа изјави дека самит на Западен Балкан и Европската унија ќе се одржи во неговата држава следната година.

Од тој самит, Хрватска, како претседател на ЕУ во тоа време, ќе бара продолжување на проширувањето на ЕУ во Западен Балкан јави Танјуг.

И Хрватска и Србија се соочуваат со големи предизвици во однос на миграцијата и безбедноста и сите овие проблеми, вели амбасадорот, се поврзани со економскиот просперитет на граѓаните во Западен Балкан.

Загреб, рече Бакота, сака да ги види соседните земји од Западен Балкан во Унијата, а Хрватска е заинтересирана за отворање разговори на Унијата со Северна Македонија и со Албанија.