петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Дојде облечена од глава до петици целата во црно на „погребот“ на нејзиниот трет брак- од овие зборови на Беквалац фановите воздивнуваат

Дојде облечена од глава до петици целата во црно на „погребот“ на нејзиниот трет брак- од овие зборови на Беквалац фановите воздивнуваат
ФОТО: Телеграф.рс/ATA Images

Познатата српска пејачка Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ денеска и официјално се разведоа по судски пат.

Нејзиниот поранешен сопруг пристигна прв во судот, додека пејачката задоцни па трчаше кон судот.

Таа за овој „радосен“ ден се облече целата во црно што можеби симболизира погребување на бракот со поранешниот сопруг кој физички ја нападна пред година и половина.

По излегувањето од судот таа за српските медиуми изјавила дека се чувствува среќно и јако и дека е разведена.

Инаку парот се разведе откако ноќта помеѓу 13 и 14 април 2018 година Лука физички ја нападна пејачката во станот на Дедиње само неколку недели по нејзиното породување со нивното заедничко дете Катја.

По оваа изјава фановите целосно ја поддржуваат пејачката и среќно воздивнуваат што таа конечно се ослободила од негативностите во животот.

Најнови вести