среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бизарна повреда: Највисокиот играч во НБА се удрил во таван и доби потрес на мозокот

Бизарна повреда: Највисокиот играч во НБА се удрил во таван и доби потрес на мозокот

Тако Фол, кошаркарот на Бостон Селтикс, се удрил со главата во плафон по што доживеал поблаг потрес на мозокот.

Фол е висок 2,29 метри и ова е негова прва сезона во најсилната лига во светот.

Пред тренинг, Тако сакал да ги измие рацете, но не забележал дека таванот и низок и удрил со главата, јавуваат американските медиуми.

Тој иако не се чувствувал најдобро го одработил тренингот, но веќе следниот ден отишол на доктор бидејќи му било лошо. Било утврдено дека имал поблаг потрес на мозокот. Сега му претстои период на мирување, кој не би требало долго да трае.