вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Култура

Концерт на триото „Аура“ и доделување награди за крај на 13. „Златна лира“

Концерт на триото „Аура“ и доделување награди за крај на 13. „Златна лира“

Со настап на камерното трио „Аура“, во состав:  Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано), вечер ќе заврши 13. Фестивал на камерна музика „Златна лира 2019“, кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ).

На завршната вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе бидат доделени и традиционалните награди „Златна лира“ – за успешна работа во текот на изминатата година ќе му биде доделена на баритонот и композитор Горан Начевски, а за животно дело ќе ја добие контрабасистот Велко Тодевски, долгогодишен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Триото „Аура“ на вечерашниот концерт за затворање на „Златна лира 2019“ ќе изведе композиции од Лефебр, Коетсиер, Димушевски и Пјацола.  Фестивалот почна на 16 октомври и на програмата имаше седум камерни концерти.