среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Култура

„Манипулација е дека СДСМ ја зголемиле европската мобилност на македонските уметници, културни експерти и менаџери во културата и нивно присуство на европската културна сцена“

„Манипулација е дека СДСМ ја зголемиле европската мобилност на македонските уметници, културни експерти и менаџери во културата и нивно присуство на европската културна сцена“

СДСМ продолжува со манипулативните практики дека креира и имплементира развојни мерки и политики кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните. Манипулација е дека ја зголемиле европската мобилност на македонските уметници, културни експерти и менаџери во културата и нивно присуство на европската културна сцена, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ред е да видиме кој каде бил во меѓународните претставувања и што е ефектот?
Манипулација со јавноста е дека има било каква меѓународна и регионална соработка, вмрежување и копродукции, засилена афирмација и признание на македонската култура на европски и светски план,а уште помалку интезивна.
Она што можевме да слушнеме од вчерашната прес конференција од седиштето на Сдсм е празна реторика и статистичка грешка идентична со нивната предизборна кампања: ВЕТЕНО – НЕРЕАЛИЗИРАНО.
Мерите со кои што можат да се пофалат се, скандалозна годишна програма која започна дури во април во која се укинаа значајни манифестации,цензура на филмови,европските перспективи доживеја дебакл во филмската дејност,од 2017 со назначување на новиот национален претставник во Европскиот филмски фонд Еуримаж до денес ниту една македонска мнозинска копродукција нема добиено финансиска поддршка од овој престижен фонд,скандали во националните институции, разрешување на директори на прес конференции без образложенија, негрижа кон културното наследство.
Замислете дури ни најновиот филм ВРБА на Милчо Манчевски не доби финансиска поддршка од Еуримаж, но затоа Агенцијата за филм оддели дури 1 милион и 500 илјади евра за овој проект, од кои дел беа доделени на Конкурс, а дел како дополнителни средства во сомнителна постапка.

Скандали во националните институции:

Институциите се оставаат без директори и не можат да фунционираат – да потсетиме дека Управата за заштита на културното наследство скоро два месеци беше без директор што придонесе за закочување на тековните административни работи, како и континуирана реализација на проектите за заштита на културното наследство од страна на националните институции, а вработените останаа без плата!
Потоа, по разрешувањето на директорот на Музеј на Македонија не беше именуван в.д. дирекор и затоа мораше да се одложи најавената изложба Африка во Македонија како и други тековни проекти.
Потоа имаме директори кои согласно законските прописи треба да заминат во пензија, а тие и понатаму ја извршуваат својата функција без претходна законска постапка за регулирање на правото за продолжување на работниот однос (дали директорот на Агенцијата за филм кои има полни 65 години, во законски определениот рок до 31-ви август има поднесено барање за продолжување на работниот однос?)
Спроведување на незаконски постапки за вработување без почитување на балансерот за правична застапеност (Гостиварски театар, Кинотека на Македонија).
Негрижа кон културното наследство:

– Состојбата со аквадуктот ја покажува крајната негрижа за културното наследство. Не е доволно само да држите прес конференции без реализација на проекти
https://www.novamakedonija.com.mk/…/%D1%82%D0%B5%D0%B0%D1%…/
– Драстично намалување на буџетите на институциите надлежни за заштита на културното наследство (пример Кинотека на Македонија со ребаланс и беше намален буџетот за 80% што значи дека не може да се реализира проектот за дигитализација)
– Наместо да се реализираат проекти за обезбедување на соодветни услови за чување на културното наследство се уништуваат и ретките кои ги имаме. Ако во 2009 година Кинотеката на Македонија беше единствена институција која изгради климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонската филмска продукција, денес сликата од депоата во Кинотеката е катастрофална!, потенцираат од Комисијата за култура.