четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Поднесена кривична против лихвар од Кавадарци: Пресметувал месечна камата од 200%

Поднесена кривична против лихвар од Кавадарци: Пресметувал месечна камата од 200%

Полицијата од Кавадарци поднесе кривична пријава против 28-годишник од овој град, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Како што информираат од МВР, во периодот од јануари до август 2019 пријавениот со устен договор во повеќе наврати му давал пари на заем на лицето Н.Г. при што му пресметувал камата од 200% на месечно ниво.

На овој начин, 28-годишникот стекнувал несразмерна имотна корист, информираат од МВР.