среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стивен Биган именуван за заменик државен секретар на САД

Стивен Биган именуван за заменик државен секретар на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше специјалниот претставник за Северна Кореја, Стивен Биган, ветеран на американската надворешна политика, за следен заменик државен секретар.

Неименуван американски функционер кажа дека Биган ќе ги задржи своите задолженија во дипломатијата со Северна Кореја.

Тој ќе го замени Џон Саливен на втората позиција во Стејт департментот. Британските медиуми пренесуваат дека Саливен е именуван за нов амбадсадор во Русија.

Номинацијата на Биган ужива широка поддршка меѓу високите дипломати, а тој се смета и за најсоодветниот кандидат за наследник на државниот секретар, во случај Мајк Помпео да одлучи да се повлече од функцијата и следната година да се кандидира за место во Сенатот.

Биган (56) ги водеше разговорите со Северна Кореја за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, што од февруари се во застој по вториот неуспешен самит меѓу Трамп и Ким Џонг-ун во Ханој.