Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џејмс Милнер, по победата (2:1) над Генк на натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите рече дека е задоволен од резултатот, иако некои очекуваа поубедлив триумф.
– Момците се потрудија, држеа високо темпо. Можевме да победиме повеќе, но мора да му оддадеме почит на противникот. Дејствуваа одлично, па јас сум среќен со резултатот. Нема едноставни натпревари во Лигата на шампионите. Останува на нас да го завршиме она што го започнавме. Ги имаме сите шанси да ја поминеме групата, изјави Милнер.
Ливерпул по четири кола во Е-групата е лидер со 9 бода, Наполи има 8, Салцбург 4, Генк 1.