Полицијата регистрираше два нови случаи со напад на кучиња скитници.
Триесет годишниот Б.И. од Виница пријавил дека пред два дена бил нападнат од повеќе кучиња скитници.
Инцидентот се случил околу 08.15 часот додека се движел по улицата „Максим Горки” при што едно од кучињата го каснало на левата нога во пределот на левата подколеница.
Во вториот случај, скопјанка пријавила дека пред два дена нејзиниот 14 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната надколеница.
Нападот се случил на улицата „Благоја Стефковски“.