понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Оваа приказна крши срца: Најтажната сцена од познатиот филм, главната актерка ја доживеала и во приватниот живот (ВИДЕО)

Ако не ви заиграа емоциите на оваа сцена, тогаш изгледа воопшто немате емоции.
Оваа приказна крши срца: Најтажната сцена од познатиот филм, главната актерка ја доживеала и во приватниот живот (ВИДЕО)

Најпотресната сцена во една од најдобрите романтични комедии на сите времиња  „Love actually“ е кога Карен наоѓа накит и ЦД кои нејзиниот сопруг ги купил за друга жена, неговата љубовница.

Таа оди во спалната соба каде доживува нервен слом бидејќи во тој момент на радио свири песната која ја имало на ЦТ-то кое го пронајде.

Ако не ви заиграа емоциите на оваа сцена, тогаш изгледа воопшто немате емоции.

За работата да биде уште потажна, причината поради која оваа сцена беше многу реално и со чувства изиграна, е тоа дека Ема Томпсон која ја играше улогата на Карен и во приватниот живот имала исто вакво искуство.

Таа неодамна во Лондон призна дека поминала низ речиси идентична ситуација со својот поранешен сопруг кој имал афера со колешка.

-Таа сцена во која Карен стои пред креветот и плаче ми е многу познат. Моето срце беше така скршено од Кен. Знаев дека накитот кој го пронајдов, не е наменет за мене. Можеби многумина од нас имале слична ситуација, имав и јас, истакна британската актерка.

Оваа 59-годишна ѕвезда се венчаше со Кенет Браун во 1989-та година. Пет години подоцна дознава за неговото неверство и соопштува дека се разведуваат.

-Многу пати плачев во својата спална соба, па морав да излегувам и да бидам весела, собирајќи ги деловите од моето скршено срце иставајќи ги во фиока, рече таа.

Денес е во брак со Грег Вајс со кој доби и ќерка, а потоа посвои момче.