Хелена Топаловиќ, ќерката на на српскиот пејач Милан Топаловиќ Топалко е во врска со босанскиот тенисер Дамир Џумхур, а објавените фотографии на социјалните мрежи го издадоа парот дека е заедно.
Иако никој од нив нема објавено заедничка фотографија и не ја потврдуваат врската за која со месеци се шпекулира, двајцата објавуваат фотографии од Малдивите и тоа од исто место.
Она што ќерката на Топлако го објавува на Инстаграм, го објавува и Џумхур. Според сликите јасно е дека тие уживаат во љубовта, коктелите крај базенот и одличните забави.
Освен тоа, Хелена се пофали дека саканиот ја држи за рака во сон.