петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Загина кошаркар кој играше за Партизан и во НБА лигата

Загина кошаркар кој играше за Партизан и во НБА лигата

Некогашниот кошаркар Милтон Паласио, кој е добро познат и во НБА лигата и во Европа, бидејќи играше за многу клубови, го загуби животот на 41-годишна возраст.

Американецот Паласио кој имаше пасош и на Белизе, во канадскиот град Торонто бил удрен од возач кој управувал со автомобил „Хонда сивик“, по што им подлегнал на повредите. Неофицијално, на колата ѝ откажале сопирачките пред да удри во несреќниот Милт.

Паласио играше во НБА лигата, а прв европски клуб му беше белградски Партизан, за кој потпиша во 2007 година. Потоа замина во Химки, но брзо се врати во Партизан. Настапуваше и за други евролигаши, а последна работа му беше како тренер на Лонг ајленд нетс во развојната Г лига.