понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорчев: Неспособноста на оваа влада ја плаќаат сите граѓани

Ѓорчев: Неспособноста на оваа влада ја плаќаат сите граѓани

Целатата државa е заглавена. Освен кадровски вработувања, или вработувања на договор на дело овие од шарена револуција, ние не гледаме дека имате план како да се зголемат платите,  да се зголемат пензиите, не гледаме дека имате абер како да се отворат фабрики, како да се изградат патишатата. Се повеќе и повеќе граѓани се разочарани од оваа гарнитура, рече Влатко Ѓорчев кој учествува на дебата на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Според него, кадровската политика на СДСМ е една од послабите точки на оваа гарнитура.

-Кадровската политика на СДСМ најмногу ја критикуваат членовите на СДСМ. Имаме ситуација каде еден министер се жали дека има далековод што треба да се премести 30 метри. Треба цела држава да падне во несвест зошто еден далековод треба да се премести. Па затоа се платени да ги решаваат тие работи. Република Мкедонија никогаш немала влада која е понесопособна која не може да испорача резултати и има тотална безидејност, категоричен е Ѓорчев.

Една работа треба да биде јасна се што не прифати ВМРО- ДПМНЕ, истакна Ѓорчев, СДСМ прифати се што ДУИ побара затоа што главно беше не да се гледа цената која ќе се плати, туку да се состави влада по секоја цена.

-И цената на составување на владата по секоја цена ја плаќа Република Македонија, посочи Ѓорчев.

Тој говореше и за употреба на јазиците и укажа дека ВМРО-ДПМНЕ особено инсистираше на  проширена употреба на турскиот јазик, ромскиот јазик и сите останати.

-За законот за јазиците имавме амандмани кое мнозинството не ни ги прифати. Она што било внимателно градено како позиција со години сега се уништува. Граѓаните се повеќе и повеќе го согледуваат тоа.  Мислам дека оваа влада треба да има многу повеќе слух за она што се чуства позиции и мислење на граѓаните, рече Ѓорчев.

Во врска со законот за јазици, додаде тој, апелираме на дијалог и да се повлече законот. Тој повика „ајде да дисктураиме во врска со тој закон да вклучиме експерти и заеднички да го изгласаме“.

-Ние кога ги доставиме сите амандмани, сите наши амандмани беа одбиени. Имаме ситуација каде голем број Македонци од оваа влада се чувстуваат понижено. Имаме голем број на граѓани вклучувајќи и Албанци кои се чувствуваат небезбедно. Неспособноста на оваа влада ја плаќаат сите, посочи Ѓорчев.

Најнови вести